Докторите мислеле дека никогаш повеќе нема да може да зборува и оди: Фудбалерот на Јунајтед откако се разбудил од кома мислел дека е холивудски актер

Супермен

04/06/2020

15:20

4.484

Големина на фонт

а а а

Некогашниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Рори Кертис доживеал сообраќајна несреќа во 2012-та година по која шест векови бил во индуцирана кома.

Докторите биле шокирани кога Рори се разбудил од кома и започнал да зборува течно на француски јазик.

„Не знам како се случи тоа. Одеднаш почнав да зборувам на француски јазик, почнав да зборувам како се чувствувам. Тој јазик воопшто не го зборував добро во текот на средношколските денови, не знам како мојот мозок направи такво нешто“ - истакнал Рори Кертис.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Точка ТВ: Феномени кои ниту науката не може да ги објасни – синдром на странски акцент, ксеноглосија и дежа ву


Овој поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед потоа ги насмеал сите присутни во емисијата, открил дека мислел дека е славен холивудски актер:

„Мислев дека сум актерот Метју Меконахи. Се сеќавам дека размислував за тоа колку одвај чекам да ја напуштам болницата за да се вратам на снимањето филмови“.

Инаку, фудбалерот се здобил со тешки повреди на главата, а првите прогнози по несреќата не биле ветувачки.

Докторите мислеле дека тој повеќе нема да оди и да зборува - никогаш, но неговото закрепнување ги изненадило сите.

Рури бил на ''радарот'' на Манчестер Јунајтед уште кога имал 13 години, кога станал полнолетен потпишал договор за Волсол, но набрзо потоа го ''оставил'' фудбалот. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk