Актерката од популарната серија признала дека не гледала ниту една епизода и имала чудни ритуали на снимањето

Точка

04/06/2020

15:58

3.172

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на ТВ серијата “The Big Bang Theory”, Мајим Бјалик, која го толкуваше ликот на невробиологот Ејми Фара Фаулер, признала дека во текот на 9 години емитување на оваа серија не погледнала ниту една епизода во целост.

“Никогаш не сум погледнала епизода во целост. Не се гледам себеси на телевизија. Никогаш не сум седнала и не сум изгледала епизода од нашата серија”, открила Мајим за британскиот “Metro”. 

Додала дека видела само “некои делови”, но никогаш не се гледа себеси на ТВ.


Актерката во интервјуто зборувала за врската помеѓу Ејми и Шелдон, кој го глумеше Џим Парсонс, и навела дека тоа е “навистина убав пример како всушност изгледа безусловна љубов”.

“Имаше многу прифаќања, прилагодувања и толеранција. Нѝ беа потребни 9 години да ѝ покажеме на публиката зошто Шелдон всушност сака девојка. Клучот е во пронаоѓањето на рамнотежата. Мислам дека сценаристите направија одлична работа”, изјавила Бјалик.

Открила и дека екипата на “The Big Bang Theory” одлично се согласувала и по исклучувањето на камерите.

“Сајмон Хелберг, кој го толкуваше ликот на Хауард Воловиц, е еден од најсмешните луѓе со кои некогаш сум соработувала, така што тоа беа навистина убави времиња. Пред секое снимање се прегрнувавме, а секој од нас имаше посебни ритуали. Во првите неколку години јас секогаш пиев Кока-Кола и јадев похован кромид”.

“Снимањето на последните епизоди беше емотивно. Работевме 10 години заедно. Ликовите кои ги глумевме станаа наш втор идентитет”, заклучила актерката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг