Snapchat престана да го промовира профилот на Трамп затоа што поттикнува насилство

Точка

04/06/2020

16:26

1.454

Големина на фонт

а а а

Одлуката на оваа социјална мрежа следува после неодамнешните објави на Трамп во кои се заканува дека ќе пушти „бесни кучиња“ и „моќно оружје“ против демонстрантите кои прават нереди ширум САД.

Социјалната мрежа Snapchat повеќе не го промовира профилот на американскиот претседател Доналд Трамп на своите страници со избрана содржина, соопштија од компанијата.

„Моментално не промовираме содржина на претседателот на Discover на Snapchat. Нема да ги промовираме тие кои поттикнуваат расно насилство и неправда, давајќи им бесплатна промоција на Discover“, изјави портпаролот на Snapchat.

Профилот на Трамп на Snapchat кој има околу 1,5 милиони следбеници сепак ќе остане на платформата.


Овој потег веројатно ќе го исфрустрира американскиот претседател кој веќе е во конфронтација со социјалните мрежи откако Твитер веќе стави предупредување на неговите твитови поради поттикнување на насилство.

Доналд Трамп минатиот четврток потпиша извршна уредба со која сака да ја ограничи заштитата на социјалните мрежи и слободата која ја имаат во модерирањето на своите содржини.

Познатиот член 230 од Законот за норми на комуницирање им овозможува на Facebook, Twitter, YouTube и Google заштита од судски прогон поради содржини кои ги објавува трета страна и исто така им дава слобода по сопствена проценка да интервенираат на платформите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг