Копче за приватен хеликоптер, поглед кон морето, фитнес центар... : Погледнете како изгледа нереалниот пентхаус на Роџер Федерер во Дубаи

Кармин

04/06/2020

17:28

4.275

Големина на фонт

а а а

Роџер Федерер често престојува во Дубаи кога обврските му дозволуваат, а токму во овој град во Обединетите Арапски Емирати има и свој луксузен пентхаус.

Куќите и вилите на најдобрите спортисти на светот често ја интересираат јавноста, а швајцарските медиуми објавија фотографии од домот на тенисерот во Дубаи, од кој би се засрамиле и најбогатите шеици. 

Пентхаусот од 566 квадратни метри се наоѓа во една од најскапите згради во Дубаи, а за истиот морал да искешира дури 15 милиони евра. Станот е светол и има нереален поглед кон морето со тераса од 80 квадратни метри. Целиот пентхаус е изграден од најквалитетни материјали и ги поседува најновите технички уреди со систем “паметна куќа”.


Федерер на располагање има и базен на кровот на зградата како и најсовремен фитнес центар во чие опремување и самиот учествувал, бидејќи токму во Дубаи се припрема за почеток на секоја сезона.

Тенисерот и неговото семејство имаат на распологање услуга од 24 часа, а со притискање на копче во било кое доба од денот имаат достапен приватен авион, хеликоптер, лимузина со возач или Ферари.

Исто така не мора да се грижи за наметливите фанови бидејќи сите жители на овој ексклузивен комплекс имаат и на располагање лично обезбедување.





Спонзорирани линкови

Маркетинг