СЗО продолжува со тестирање на хидроксихлорокинот

Точка

04/06/2020

18:51

1.624

Големина на фонт

а а а

Светската здравствена организација ќе продолжи со тестирање на хидроксихлорокинот како потенцијален лек против коронавирусот, изјавил директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус, откако лекарите кои работат на студијата накратко престанале да им го даваат овој лек на новите пациенти, поради здравствените проблеми што ги предизвикал.

СЗО минатиот месец ја стопираше употребата на лекот против маларија во обемната студија за третман на Ковид-19, во која околу 3.500 пациенти во 35 земји го добиле лекот. Причината за тоа бил стравот дека овој лек ќе ја зголеми стапката на смртност, пренесува „Ројтерс“.


Меѓутоа, Тедрос рекол дека сега нивните експерти советувале да се продолжи со тестирање на сите лекови, вклучувајќи го хидроксихлорокинот, на кој најголема 'реклама' му направи американскиот претседател, Доналд Трамп



Спонзорирани линкови

Маркетинг