Неочекувано: Еве која земја доби висока оцена за борбата против коронавирусот

Точка

04/06/2020

19:39

5.715

Големина на фонт

а а а

Додека Франција, Шпанија и Италија, САД и другите богати напредни земји целосно потфрлија во борбата против коронавирусот, една блискоисточна земја сосема неочекувано добила добра оцена...

Либан се најде помеѓу земјите кои бележат најмал број на заразени и најмала смртност од коронавирус на Блискиот Исток, иако истовремено настојуваат да ја надминат економската криза. 

Министерството за здравство на Либан предупреди дека е сè уште рано да се прогласи победа, но рестрикциите воведени пред 3 месеци постепено се укинуваат.

Првиот случај на зараза бил пријавен на 21 февруари помеѓу група Либанци кои се вратиле од аџилак во Иран, кој е тешко погоден од пандемијата. Шансите за спречување на заразата во земја која имала само 128 болнички кревети за заболените од Ковид-19 биле лоши и се предвидувало дека ќе починат стотина луѓе.  


Меѓутоа, до 3 јуни во земјата со 6 милиони жители биле забележани само 1.256 заболени од Ковид-19, а починале 27 луѓе. Бројот на починати од оваа болест на милион жители во Либан е најмал во регионот, а е многу понизок во споредба со Иран, Турција, Израел и неколку земји од Заливот.

“Ако ја споредиме стапката на инфекција во однос на милион жители и нашата стапка на смртност, многу сме подобри отколку земјите околу нас”, рекла шефицата на одделението за инфективни болести на Американскиот универзитет во Бејрут, Суха Канџ за “France Press”.

Иако некои случаи на зараза не се забележани и нивото на тестирања е ограничен, здравствените експерти се согласуваат дека големиот број на заразени не би можел да остане незабележан.

Најмногу заразени имало помеѓу Либанците кои се вратиле од странство со специјални летови, а во изминатиот месец починаа само 2 лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг