Бизарен 'Џорџ Флојд предизвик' се шири на интернет, луѓето бесни: „Најдете ги тие морони“

Точка

04/06/2020

19:49

5.084

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се шири вознемирувачки 'Џорџ Флојд предизвик' кој со причина разбесни многумина.

Станува збор за вирален предизвик во кој тинејџерите ја имитираат позата во која е убиен Џорџ Флојд, чија смрт предизвика жестоки протести ширум САД.

Фотографиите покажуваат едно лице како лежи на под додека другото лице со колено го притиска на вратот. Негативни коментари не престануваат да се нижат, а Фејсбук и Инстаграм веќе забранија користење на хаштагот #georgefloydchallenge. Меѓутоа, Твитер сè уште ништо не направиле за да стават крај на оваа вознемирувачка пракса, па многу твитерџии почнале да ја прозиваат оваа социјална мрежа.

##https://twitter.com/cassie_andraa/status/1268160458810368001?s=20##




Спонзорирани линкови

Маркетинг