Каније Вест ќе го плати факултетот за ќерката на Џорџ Флојд

Точка

05/06/2020

11:17

3.388

Големина на фонт

а а а

Каније Вест отворил факултетски фонд за 6-годишната ќерка на Џoрџ Флојд, Афроамериканецот кој беше убиен од полицаец.

Каније отворил фонд за заштеда во 529 училишта во Америка за покривање на школарината на Џијана Флојд, потврдил неговиот портпарол.

Раперот исто така донирал 2 милиони долари на семејствата и правните тимови кои ги поддржуваат Флојд, Ахмауд Арбери и Бреон Тејлор.

25-годишниот Арбери бил застрелан и убиен додека трчал, од тројца мажи кои тврделе дека сметаат дека е осомничен за кражба.


Тајлор полицијата го убила во неговиот дом откако наводно влегла без предупредување дека ќе врши претрес.

Каније исто така донира пари и за голем број бизниси на Афроамериканци во неговиот роден град Чикаго.

Неговата сопруга, Ким Кардашијан, неодамна ѝ понудила финансиска помош на жена која била застрелана од полицијата со гумен куршум за време на протестите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг