За најдобриот асистент во Европа нема место во националниот тим

Макфакс

05/06/2020

13:40

1.721

Големина на фонт

а а а

Селекторот на Германија Јоаким Лев нема намера да го врати во националниот тим фудбалерот на Баерн Минхен Томас Милер.

Лев започна со процесот на подмладување на репрезентацијата поради што им откажа од услугите на тројца искусни фудбалери: Томас Милер, Џером Боатенг и Матс Хумелс.

Лев нема намера да го враќа Милер во репрезентацијата иако тој е најдобриот асистент оваа сезона во Европа.

Милер сезонава забележал 20 асистенции.

„Среќен сум што Томас игра одлично, но Лев веќе ја донесе одлуката. Играчите кои се повикувани на последните неколку натпревари ја имаат неговата доверба. Реши да им даде шанса на младите играчи“, рекол директорот на репрезентацијата Оливер Бирхоф.

Милер за Германија дебитирал пред десет години, одиграл 100 натпревари на кои постигнал 38 голови.

Напаѓачот на Баерн е најдобриот стрелец на Германија во историјата на светските првенства. Пред шест години со Германија стана светски првак.



Спонзорирани линкови

Маркетинг