Одговорот кој што сака да го слушне цела планета: Бил Гејтс конечно проговоре за неговата врска со чипувањето на луѓето...

Точка

05/06/2020

19:07

13.851

Големина на фонт

а а а

Основачот на компанијата „Microsoft“, милијардерот Бил Гејтс вели дека теориите според кои тој има улога во заверата за глобалното чипување на луѓето, е глупава што речиси е невозможно да ја демантира.

На почетокот на пандемијата коронавирус, на социјалните мрежи и во медиумите на интернет почнаа да се шират теории за тоа дека Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс на некој начин е одговорна за тоа што сакаат да го направат – по пат на вакцината да ги чипуваат луѓето и така да го започнат нивното глобално следење.

„Никогаш не сум се занимавал со микрочипување. Тоа е речиси невозможно, да се демантира тоа е глупаво и бесмислено“ – вели Бил Гејтс за порталот „Business Insider“.


Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс е вториот најголем донатор во СЗО од периодот на 2018-та/2019-та година кога обезбедиле речиси 10 отсто од буџетот на СЗО.

Фондацијата се занимава со финансирање и истражување во областа на произведување вакцини и лекови.

СЗО на 11-ти март ја прогласи пандемијата коронавирус. Според најновите податоци бројот на заразени во светот ја надмина бројката од 6.4 милиони, а над 380 илјади луѓе се починати.




Спонзорирани линкови

Маркетинг