Точка ТВ: Вистината за Мистер Бин – му се смееле поради изгледот и пелтечењето, но зад срамежливото лице се крие генијалец

Точка

05/06/2020

15:33

9.742

Големина на фонт

а а а

Роуан Аткинсон е британски актер, комичар и сценарист, најпознат по улогата на популарниот Мистер Бин. Иако серијата одамна не се снима, ликот на Мистер Бин остана класика која до денес се памети и гледа, а за сето тоа е заслужна токму маестралната глума на Аткинсон.

Роуан Себастијан Аткинсон е роден на 6 јануари 1955 година во гратчето Консет во северна Англија. Тој е најмлад од четворицата браќа, а неговиот татко бил фармер и директор на компанија. 

На училиште постојано трпел врсничко насилство поради својот изглед и пелтечењето. Ниту наставниците не го поштедувале – еден дури му кажал дека нема ништо посебно во него и дека никој не верува дека ќе постигне нешто во животот.

Но, академските успеси ги потиснале сите падови – по завршувањето на основното и средно училиште, Аткинсон дипломирал електроинженерство на универзитетот во Оксфорд – насока која никако не е поврзана со актерството, меѓутоа тој никогаш не се откажал од својата љубов.

Штом се качувал на сцена, пелтечењето престанувало, но и понатаму бил одбиван за ТВ улоги. Аудио комедијата “The Atkinson People” на “BBC” во која глумел станала неочекувано успешна, а таа му го отворила патот кон популарниот серијал “Not the Nine O’Clock News”.

Своите комедиографски вештини, Роуан ги потврди како коавтор во серијалот “Blackadder”, кој се емитуваше и на македонските телевизии. Хумористичната серија оригинално се емитуваше од 1983 до 1989 година.


Но, дури со улогата во Мистер Бин, Роуан го ослободил она што природно лежело во него уште од детството. “Mr. Bean” беше комедија на карактери во која Аткинсон не проговори ниту еден збор, а истата за првпат се емитуваше во 1992 година и траеше сè до 1995 година. Серијата стана една од најпопуларните серии на сите времиња, а Мистер Бин е улога која Роуан толку добро ја одигра што стана дел од неговиот идентитет.

“Поминаа многу години оттогаш, а сè уште ме нарекуваат Мистер Бин”, изјавил тој во една прилика.

Кариерата на Роуан Аткинсон е доказ дека за успех не е потребна убавина и тело на херој; она што е потребно е вешт ум и способност за изведба.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk