Зошто треба да консумирате една шака цреши пред спиење? Ова овошје прави 4 магични работи за организмот

Точка

05/06/2020

16:25

7.224

Големина на фонт

а а а

Црешите, покрај јагодите, се најздравата пролетна ужина која ја обожуваат сите генерации.

Народната медицина од дамнешни времиња им припишува лековити својства, а истражувањата потврдуваат дека состојките на ова овошје одлично делуваат на симптомите на гихт и артритис и одлично ги заменуваат лековите против несоница и главоболка. 

Го решаваат проблемот со несоница

Точно е дека црешите не содржат толку витамин Ц како јагодите, но според фитотерапевтите, тие се богати со витамините Б и А и мелатонин кој ги “контролира” природните циклуси на спиењето и будењето.

Доволно е пред спиење да изедете шака цреши и ќе се ослободите со проблемот на несоница. Црешите се добри и за кожата и го подобруваат видот бидејќи содржат дури 20 пати повеќе витамин А отколку јагодите и боровниците.


Ги зајакнуваат коските и помагаат при воспаленија

Истражувањата покажуваат дека 20 цреши имаат подобро дејство од лекови против болка. Ако имате воспалени мускули поради вежбање или работа, посегнете по цреши бидејќи нивните антиоксиданси делуваат релаксирачки на мускулите. Исто така, содржат многу магнезиум и калциум кои помагаат во зацврстување на коските.

Ја намалуваат телесната тежина

Како и повеќето овошја, црешите содржат високо ниво на калиум, а ниско ниво на натриум, па затоа го забрзуваат излачувањето на водата од организмот. Не содржат маснотии па затоа не мора да се грижите доколку претерате со нивната консумација. Црешите се одлични за намалување на вишокот килограми бидејќи во 100 грама има само 60 калории.


Ги чистат бубрезите и уринарниот тракт

Од дршките на црешите можете да направите чај за чистење на бубрезите и уринарните патишта. За припрема на чајот ви се потребни една шака дршки од цреши кои ќе ги потопите во литар вода и ќе ги варите околу 2 минути. Оставете течноста да се излади, а потоа пијте ја во текот на денот во мали голтки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг