Филипче: 90 отсто од новозаболените се асимптоматски, кластерите се под контрола

Макфакс

05/06/2020

17:08

2.961

Големина на фонт

а а а

Ситуацијата е под контрола, убедува министерот за здравство Венко Филипче откако денеска земјава го достигна пикот според новозаразени.

Тој не смета дека одлуката за ставање на Скопје и неколку останати општини под карантин била лоша и дека истата била во целост издржана.

Филипче тврди дека 90 отсто од новозаболените се асимптоматски и дека кластерите се под контрола.

„15 кластери прават над 90 отсто од случаите. Има и спорадични случаи и не значи дека вирусот го нема надвор од кластери. Несомнено е дека имаме втор бран што е резултат на непочитувањето на мерките и препораките. Најголем број од случаите се асимпотомаски или со лесни симптоми, дури 90 проиценти, што значи дека вирулентноста слабее. Иако броката на заразени е висока, таа се шири во рамките на кластерите и на лицата во изолација“, рече Филипче, додавајќи дека во овие два дена Комисијата за заразни болести прави детални анализи.

Заболени 11 здравствени работници од ГОБ „8 Септември“

Единаесет здравствени работници од ГОБ „8 Септември“ се заболени од коронавирусот. Дополнително, новозаболени има и од Гинеколошко-акушерската клиника, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Станува збор за еден доктор, двајца болничари, седум медицински сестри и едно лице од техничкиот кадар во „8 Септември“. Тие се изолирани и договорени се тестирања на лицата со кои тие имале контакт.

На Гинеколошко-акушерската клиника новодијагностицирани на Ковид-19 се сестра и техничар и во моментов трае анализата и анкетите.

Филипче вели дека сепак, функционирањето на здравствениот систем не е доведен во прашање и дека продолжува да функционира нормално.



Спонзорирани линкови

Маркетинг