Надал искеширал 5 милиони евра за оваа ’’ѕверка’’ – скапоцената јахта има водопад на палубата, однадвор изгледа како НЛО...

Точка

06/06/2020

12:50

7.665

Големина на фонт

а а а

Повеќе од очигледно е со што би се занимавал тенисерот по заминувањето од тенисот.

Минатата година, Рафаел Надал издвоил над 5 милиони евра за специјално направената верзија на јахтата – модел „80 Sunreef Power catamaran“.


Тој ја заменил својата стара јахта која што ја продал за 2 милиони евра, а се викала „Бетовен“.

Неговата нова јахта има два силни мотори, а предвидена е за користење за долги крстарења.

Заедно со јахтата следува и гаража за џет ски, како и голем дел во внатрешноста кој што е исполнет со бар, базен кој што има мал водопад, кујна, тоалет...

Интересно е тоа што кормилото се наоѓа на исто место каде што се наоѓа и кујната.





Спонзорирани линкови

Маркетинг