Договорен трансферот на Бадељ

Макфакс

06/06/2020

12:47

1.600

Големина на фонт

а а а

Хрватскиот репрезентативец Милан Бадељ по шест години ќе ја напушти Серија А. Негова следна дестинација ќе биде руската Премиер лига. Италијанскиот новинар Џанлука ди Мацио тврди дека Лацио и Локомотив Москва го договориле трансферот на Бадељ.

Милан Бадељ оваа сезона игра како позајмен фудбалер во Фиорентина, Лацио од неговиот трансфер ќе заработи 3,5 милиони евра. Бадељ со клубот чиј капитен е неговиот сонародник Ведран Чорлука ќе потпише три годишен договор.

Бадељ во Москва доаѓа на местото на Жоао Марио кој ќе се врати во Интер. Локомотив нема да го откупи договорот на Португалецот за сума од 18 милиони евра.

Доколку не се случи нешто непредвидено договорот ќе биде реализиран по завршувањето на сезоната.



Спонзорирани линкови

Маркетинг