Американците испратија јасна порака до Кина: Американски воен брод помина низ Тајванскиот теснец...

Точка

06/06/2020

18:16

4.877

Големина на фонт

а а а

На годишнината од задушувањето на востанието на пекиншкиот плоштад Тиананмен, американскиот воен брод “USS Russell” помина низ Тајванскиот теснец, потврдија од американската и тајванската армија.

Станува збор за симболичен потег во знак на поддршка на Тајван на 31-годишнината од насилно задушените протести во кинеската престолнина.

Да потсетиме, Кина го смета Тајван за своја „отцепена провинција“, а иако „де-јуре“ со тоа се согласуваат и Американците и ја прифаќаат таканаречената политика една Кина, „де-факто“ САД го третира Тајван како независна држава и од крајот на граѓанската војна во Кина, Американците се сметаат за „обезбедувач“ на демократијата на Тајван.

Во последно време тензиите значително пораснаа откако високи државни и воени функционери на Кина порачаа дека нивната земја е подготвена воено да интервенира во случај Тајван да прогласи независност.


Постојат и некои индиции тајванската претседателка Цаи Инг Вен тоа и да го направи, но веројатно нема да брза со таа одлука. Во вчерашното обраќање таа ги повика кинеските власти да признаат што се случило на 4-ти и 5-ти јуни 1989-та година на пекиншкиот плоштад Тиананмен.

Кога станува збор за САД, со испраќањето на својот воен брод во близина на кинеските територијални води, Вашингтон јасно испрати порака на чија страна е во овој конфликт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг