Пикфорд: Евертон може да го победи Ливерпул

Макфакс

06/06/2020

15:23

1.384

Големина на фонт

а а а

Голманот на Евертон Џордан Пикфорд верува дека неговиот тим може да го победи лидерот Ливерпул во градското дерби кое по ре-стартот на сезоната ќе се одигра на 21 јуни.

Првото Мерсисајд дерби оваа сезона на „Енфилд“ им припадна на фудвалерите на Ливерпул (5:2).

„Сакаме да победиме во секој натпревар. Секое дерби е исклучително важно, за навивачите и играчите“, рекол Пикфорд.

„Сакаме да покажеме колку сме добри и колку добри можеме да бидемем колку сакаме да ги победиме. Занм дека се работи за извонреден тим, за лидер во првенството. Сепак ние ќе дадеме сѐ од себе за да забележиме победа. Знаеме дека сме способни за да го оствариме тоа“.

Ливерпул на табелата се лидери со 25 поени повеќе од Манчестер сити. Потребни им се уште шест поени за и теоретски да ја освои титулата. Евертон се наоѓа на 12 место во Премиер лигата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг