“Sega” прослави 60 години постоење – една необична конзола го одбележа јубилејот

Точка

06/06/2020

16:44

2.469

Големина на фонт

а а а

Компанијата “Sega” прослави цели 60 години постоење и 30 години од издавањето на единствената преносна конзола, а во таа чест беше претставена мини конзола, што делумно и се очекуваше.

Уредот го носи името “Game Gear Micro”, со навистина минијатурни димензии и се претставени 4 различни верзии. 

Секоја верзија на конзолата е иста, само се разликува по боите и игрите кои ги нуди во однос на бојата. Секоја боја (жолта, црвена, црна и сина) носи 4 различни игри, вкупно 16 доколку сакате да го купите секој примерок.

Тука се наоѓаат наслови како “Sonic and Tails”, “Outrun”, “Nazo Puyo”, “Sylvan Tail” и други. Игрите ќе можете да ги играте на екран од само еден инч, што е многу мала димензија за денешните стандарди, но ќе постои стакло за зголемување. Напојувањето од 2 ААА батерии ќе овозможи околу 3-часовно играње, а цената изнесува околу 50 долари.

“Game Gear Micro” е моментално достапен само на територијата на Јапонија, каде ќе се појави на 6 октомври, додека моментално нема никакви детали за преминувањето на западниот пазар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг