"Шарли Ебдо" предизвика нова бура: На насловна го ставиле настанот поради кој гори Америка, но во свој стил

Точка

06/06/2020

17:01

8.018

Големина на фонт

а а а

Реакциите на Доналд Трамп на протестите предизвикани од смртта на Џорџ Флојд не минале добро ни во САД, ни во странство. Претседателот на САД, кој дури и им рекол на гувернерите дека биле предмет на "исмејување" поради начинот на кој протекуваат демонстрациите, пред неколку дена заблескал како ѕвезда на насловната страна на француското сатирично списание "Шарли Ебдо".

Имено, француското списание ја нацртало сликата која поголем дел од светот ја има на ум последните неколку дена. Џорџ Флојд лежел на земја, додека полицаецот Дерек Човин му го притиска вратот со колено, оневозможувајќи му да диши. Меѓутоа, тие на својата насловна Флојд го замениле со Трамп, во обид да се бори против расизмот на неколку полицајци. 

Покрај цртежот, стојат натписи "полициско насилство" и "сакаме законитост". На овој начин, "Шарли Ебдо" бара рамноправност, го отфрла расизмот и го обвинува Доналд Трамп.

"Шарли Ебдо" е познат по предизвикувањето на контроверзии, пред се по исмејувањето на политичари и други јавни личности, но и редовно е на мета на критики поради цртежите за религијата, разни катастрофи и терористички напади, како во земјата, така и во странство.

Откако во 2015-та година објавиле карикатура за исламот, двајца вооружени исламски екстремисти влегле во редакцијата и убиле 12 лица, меѓу кои и некои од поистакнатите карикатуристи на списанието.

Во 2006-година биле еден од малобројните медиуми кои прикажале карикатура од Мухамед, првобитно објавена во данскиот "Јиланд-Постенс".




Спонзорирани линкови

Маркетинг