Драматична ситуација во Русија: По еколошката катастрофа реките станале црвени

Точка

06/06/2020

17:58

4.780

Големина на фонт

а а а

Резервоар со 21.000 тони дизел гориво во рускиот дел на Акртичкиот круг пукнал поради топењето на мразот, поради што во реките Амбарнаја и Далдикан и речиси сите нивни притоки истекле 217 квадратни километри дизел гориво и ги обоило во црвено.

Според Федералната служба за природни ресурси во водата истекле 15.000 тони, а во земјиштето 6.000 тони дизел гориво.  

Активистите за заштита на околината велат дека протекувањето, кое се случило пред седум дена, е најголемата несреќа од овој вид која некогаш се случила во Акртичкиот регион.

Инцидентот се случил во електрана кај сибирскиот град Норилск, со која оперира "Norlilsk-Tajmir Energy Co", подружница на "Nornikel". Норилск се наоѓа над Арктичкиот круг на далечниот север на Русија.

Компанијата на својот сајт објавила дека е прогласена вонредна состојба. Рускиот претседател Владимир Путин се согласил да воведе вонреден режим на федерално ниво поради протекувањето на гориво, откако тоа го предложил министерот за вонредни ситуации Јевгениј Зиничев.

Тој му кажал на Путин дека електраната два дена се обидувала да го спречи течењето пред да го извести Министерството. Гувернерот на регионот, Александар Уш, рекол дека Путин дознал за инцидентот во неделата, откако вознемирувачките информации се појавиле на социјалните мрежи.

Од организацијата за заштита на животната средина "Green Peace" рекле дека ова е прв така голем инцидент на Арктикот. Тие веруваат дека трошоците за штетата од протекувањето на горивото само за вода би можеле да изнесуваат 85 милиони.

"Green Peace" овој настан го споредил со катастрофата со нафтениот танкер "Ексон Валдезевог" во близина на Алјаска во 1989-та година.

Резервоарот пукнал кога мразот на кој би изграден почнал да се топи. После тоа горивото се излеалo на патот, а автомобилот кој минувал бил зафатен од пожарот.

"Несреќата е предизвикана со изненадно тонење на потпорните столбови во подрумот на резервоарот", се наведува во соопштението.

Протеченото гориво се протегало на дури 11 километри од местото на инцидентот и обоило делови на реката Амбарнаја во црвена боја.




Спонзорирани линкови

Маркетинг