„Ниту во Белград, ниту во Задар не му беше понудено, а не било ниту задолжително да се тестира на Ковид-19“ - изјавил тој.
Георги Стоименов, менаџерот на Григор Димитров одговорил на обвиненијата на Срѓан Ѓоковиќ дека бугарскиот тенисер е најголемиот виновник за ширењето на коронавирусот меѓу тенисерите.
Да ве потсетиме, таткото на Новак изјавил дека Димитров со својата неодговорност нанел голема штета.
„Во врска со изјавата на Срѓан Ѓоковиќ за хрватската телевизија, би сакал да го изјавам следното - Григор слета во Белград по три месеци целосна изолација.
Ниту во Белград, ниту во Задар не му беше понудено, а не беше ниту задолжително тестирање на Ковид-19“ - изјавил Стоименов, па додал:
„Организаторите на турнирот се оние кои што ја имаат одговорноста за сигурност и безбедност и мора да направат правила кои што треба да се следат.
Григор ги почитуваше правилата, во врска со турнирот и ги почитуваше сите закони додека ја преминуваше границата на Бугарија, Србија и Хрватска“.