Сите зборуваат само за еден детаљ: Дејвид Бекам објави фотографија со својата мајка, па привлeче големо внимание

Супермен

26/06/2020

15:30

3.547

Големина на фонт

а а а

Фотографијата со неговата мајка предизвикала реакција помеѓу следбениците на фудбалерот на социјалната мрежа Инстаграм.

Дејвид Бекам објавил семејна фотографија со својата мајка Сандра Бекам, но веројатно не се надевал на реакциите кои што истата ги предизвикала.

Имено, многу од неговите фанови забележале една работа.

„Среќен роденден на најдобрата мајка и баба. Те сакаме и ти посакуваме прекрасен ден“ - напишал во описот на фотографијата со која што ѝ го честитал роденденот на својата мајка.

Додека многу од обожавателите исто така ја искористиле шансата да ѝ честитаат роденден на Сандра, многумина ја воочиле сличноста со починатата принцеза Дајана.

„Госпоѓа Бекам изгледа како Лејди Ди“, „Не можам да верувам колку многу неговата мајка личи на Лејди ди“, „Вака ќе изгледаше Дајана кога ќе остареше“, се само дел од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk