Германските љубители на автомобили покренаа интересна петиција со која се бара враќање на возилата на Лада на пазарот во таа земја.
Петицијата е покрената со поддршка на локалниот дистрибутер, компанијата “Lada Deutschland”.
Потписниците му се обраќаат на произведувачот на Лада, “AvtoVAZ”, но и на корпорацијата “Renault Nissan Mitsubishi” во чија сопственост се наоѓа руската компанија.
Исто така, петицијата е упатена и на адреса на германското Министерство за економски развој и до руската амбасада во Берлин.
Иницијаторите на петицијата сметаат дека Лада мора да се врати во Европа бидејќи “нуди широк распон на специфични модели кои, пред сè, им се достапни на сите, а веќе околу 40 години имаат обожаватели и константен круг на купувачи вo Германија и ЕУ”.
За потсетување, Лада се повлече од пазарот на ЕУ во мај 2019 година, а испораката на автомобили е запрена. Од “Lada Deutschland” изразиле жалење поради таквата одлука на “AvtoVAZ”.
За споредба, Лада Веста со 1,6-литарски бензинец од 102 коњски сили во Германија чинела од 17.800 евра.