Дали Џорџ Флојд го мотивирал кошаркарот на овој потег? Леброн вложува 100 милиони долари во нов бизнис

Супермен

26/06/2020

17:27

3.549

Големина на фонт

а а а

Како што пренесуваат сите светски медиуми, славниот кошаркар Леброн Џејмс заедно со своите деловни партнери обезбедил 100 милиони долари инвестиција во медиумска империја, која има за цел зајакнување на правата на црнците во САД.

“The SpringHill Company” ја предводат кошаркарот и неговиот деловен партнер Маверик Картер, а “BBC” пишува дека и Серена Вилијамс одлучила да учествува во ваквиот проект. Како што стои во описот на компанијата, станува збор за медиумска куќа со неапологетска агенда која ќе им даде предност на креативците и потрошувачите. 

Интересно е тоа што името го добила по станбениот комплекс во кој пораснал Леброн додека живеел во државата Охајо. Компанијата е всушност резултат на 3 здружени проекти – продуцентската куќа “SpringHill Entertainment”, компанијата за дигитални медиуми “Uninterrupted” и маркетиншката агенција “The Robot Company”.

Не можеме, а да не се запрашаме дали бруталното убиство на Џорџ Флојд, поради кој целиот свет е на улиците, влијаело на тоа славниот Американец да го започне овој социјално значаен проект, или веќе некое време го имал на ум. Леброн е помеѓу оние, можеме слободно да кажеме – ретки Афроамериканци за кои САД се “погодно тло” за добар и безбеден живот.

Џејмс истакнал дека неговиот тим е составен од повеќе од стотина работници, од кои 64 отсто не се белци, а има околу 40 отсто жени.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk