''Новопечениот'' пар со жешки бакнежи во базен ја потврди врската – не се одвојуваат еден од друг

Точка

27/06/2020

12:28

8.979

Големина на фонт

а а а

24-годишниот актер и неговата 30-годишна колешка разменувале нежности во базен во вила која што ја изнајмиле заедно со своите пријатели.

Тимоти Шаламе и Ејза Гонзалес откако јавно обелоденија дека се во врска, папарацо фотографите ги уловија на одмор во Мексико како уживаат во својата љубов.


24-годишниот актер и неговата колешка разменувале жешки бакнежи и прегратки во базенот, а светските медиуми пишуваат дека во текот на нивниот одмор тие подобро се запознаваат меѓусебно, а врската ја започнаа само пред неколку седмици.


Веста за нивната љубовна врска го обиколи светот, а вниманието на јавноста беше насочено кон нив поради тоа што Шаламе претходно беше во љубовна врска со ќерката на Џони Деп, Лили Роуз Деп.




Спонзорирани линкови

Маркетинг