Јутјубер за еден месец направил 1500 кревања – погледнете го резултатот

Супермен

29/06/2020

10:35

2.292

Големина на фонт

а а а

Претходно оваа година, фитнес Јутјуберот Алекс Гарфе се обврзал секој ден во рок од еден месец да прави по 50 кревања. Првичната идеја му била да вежба по 100 кревања на ден, но сфатил дека е подобро да си зададе пореална цел и да го следи напредокот.

На почетокот од предизвикот не можел да направи повеќе од 10 кревања во еден сет, па затоа решил да прави 50 кревања во текот на целиот ден. 

“Сè ме боли – рацете, лактите, грбот и стомакот”, рекол Алекс следниот ден откако започнал да вежба.

Болката траела неколку дена, но тој не се откажал. По 15 дена правел по 18 кревања во серија, а до 30-от ден – 31 без пауза. За да го “зачини” предизвикот, 22-от ден додал и дополнителна тежина, поточно тег од 12 килограми.

“Кога обичните кревања стануваат поедноставни, додадете тежина и ќе почувствувате разлика. Многу е потешко, но тоа е забавата и предизвикот во играта”, објаснил Гарфе.

Она што го воочил Јутјуберот на крајот е дека неговите грбни мускули се поголеми, а неговите гради се подефинирани.

“Гледам разлика во бицепсите и грбот. Кревањата се одличен начин како да ги зајакнете рацете, грбот и торзото и дефинитивно ќе продолжам да ги правам”, заклучил Алекс.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk