Богатите луѓе тврдат дека клучот на успехот е во ова ''петчасовно правило''

Супермен

30/06/2020

16:07

2.219

Големина на фонт

а а а

Гејтс, Бафет и Маск го следат ''петчасовното правило'' кое што го наследиле од Бенџамин Френклин. Еве за што станува збор...

Некои од најуспешните луѓе на нашето време во животот следат едно, наизглед едноставно правило кое што познатиот Американец го измислил пред речиси 300 години. Тој Американец е Бенџамин Френклин.

Имено, тој по две до три години школување, почна да работи во татковата продавница за сапун и свеќи - имал само 10 години.

Починал на 84-годишна возраст, а останал запомнет како славниот пронаоѓач, успешен писател и бизнисмен, една од највлијателните личности во историјата на САД.


Тој успех, како што пренесуваат од „Bussines Insider“, се должи на ''петчасовното правило'': секој работен ден, посветува 60 минути на учење и вежбање, односно секоја седмица вложува по пет часа во констуктивни тренинзи за психата и телото.

Оваа идеја сè уште не е демоде, а редовно ја применуваат и Бил Гејтс, Ворен Бафет, Илон Маск и Марк Цукерберг.

Бафет кој е влезен во длабока старост, малку го изменил самото правило, па така тој поминува по шест часа неделно читајќи дневни весници и 500 страници работни извештаи.


Гејтс за 12 месеци има прочитано околу 50 книги, а основачот на „Tesla“ во раната младост читал по две книги на ден.

Ни Цукерберг не заостанува - тој исто така чита многу.

Јасно е дека најбогатите и најуспешните луѓе своето време го трошат во читање, во планирање и доаѓање до клучот на успехот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk