The Weekend го продава својот луксузен имот – ''ѕирнете'' во неверојатната магија која што ја поседува

Супермен

01/07/2020

15:37

2.219

Големина на фонт

а а а

Неговата гаража која што е погодна за пет автомобили може да биде осветлена во три различни неон нијанси.

Сместен во Хиден Хилс, северно од главниот дел на Лос Анџелес, овој елегантен дом некогаш му припаѓал на музичарот, познат под уметничкото име The Weekend, односно Абел Тесфај.

Тесфај, кој што красел многубројни насловни страни од списанијата, вклучувајќи го и „Forbes“, првенствено поради својата неверојатна заработка во 2017-та година по цена од 18.2 милиони долари купил свој дом од 1.350 квадрати.


Сместен е на имот од три хектари со приватен пат, овој дом лесно може да се воочи и преку Google Earth апликацијата поради преубавиот, портокалов кошаркарски терен, додека пак во текот на ноќта цело внимание се насочува кон галериската гаража од која што се гледаат неонските светла.

Имотот содржи двокатна главна вила, самостојна куќа за гости, базен, ложа недалеку од базенот и соба за јога која што е опкружена со високи столбови, тревници и високи живи огради.


Во внатрешноста на главната куќа, дизајнот на ентериерот е минималистички, во речиси скандинавски стил и изглед.

Главниот акцент на ентериерот се белите ѕидови, високите тавани и широки дрвени подови.

Сите соби се големи, со стаклени врати и црни рамки на нив.


Во средината на главната соба има голем камин со мермер и целата соба поседува подно греење.

Славниот пејач оваа вила ја продава за 24.955 милиони долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk