Ова е шемата на милијардерот за успех: Илон Маск ја откри тајната која што може да ви го промени животот

Супермен

01/07/2020

16:47

3.136

Големина на фонт

а а а

Како Маск успева истовремено да управува со големи проекти и едни од најуспешните компании?

Името Илон Маск речиси секогаш се поврзува со проектите кои што носат големи, револуционерни промени во областа на технологијата.

Милијардерот го знаеме како основач на компанијата „Tesla“, која што за кратко време ја презеде титулата на највредна автомобилска корпорација во светот, а по историскиот лет на американските астронаути во вселената, неговото ''првенче'' „Space X“, стана мега-бренд.

Од софтвер до механика

Се поставува прашањето како Маск успева доволно и квалитетно да се посвети на сите проекти и компании во кои што е вложено големо богатство?

Некој би претпоставил дека неговото знаење во сето тоа е минимално или пак површно, но инженерот и поранешен астронаут Гарет Рејсман кој што долго време работел во компанијата „Space X“, тврди дека Маск и тоа како е упатен во секој еден детаљ од истражувањата кои што се прават.

„Во текот на својата кариера сум работел со многу паметни луѓе, но тоа беа специјалисти во една област. Маск е способен со своите професионални инженери да разговара за најразлични работи, од софтвер до механика“ - објаснил Рејсман.

Поделба на работната недела

Како Маск успева да се фокусира на толку многу различни работи и да има доволно време за одмор и за своето семејство?

Во едно интервју од 2013-та година, тој го открил системот кој што му овозможува да се префрла од еден на друг проект без проблем, задржувајќи ја енергијата и потребната креативност.

Својата работна седмица која што трае 7 дена, Маск ја организира вака:

- Понеделник: „Space X“
- Вторник: „Tesla“
- Среда: „Tesla“
- Четврток: „Space X“
- Петок: „Space X“
- Сабота: „Tesla“
- Недела: „Tesla и Space X“ 

Тој истакнал дека распоредот е подложен на промени, во случај на некој важен и голем проект на кој потребно е да се посвети многу внимание.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk