„Девојката змеј“ не престанува да изненадува: Прво ги истетовира белките, а сега покажа што направила на задникот

Супермен

01/07/2020

17:18

4.922

Големина на фонт

а а а

Младата Австралијка, која пред неколку месеци беше во центарот на вниманието ширум светот откако ги истетовира белките на очите, поради што накратко и го загуби видот, ги покажала резутатите од бразилско поткревање на задникот.

Амбер Лук (24), која себеси се нарекува 'сино-бел змеј', потрошила најмалку 23.000 евра за тетоважи и модифицирање на телото, меѓу кои се разделен јазик, зголемување на градите, образите и усните, како и вметнати импланти во ушите.

Поради последниот зафат, поткренување на задникот, морала да носи пелени за да се избори со крварењето, но сепак е воодушевена.


На Инстаграм профилот, каде ја следат повеќе од 100.000 корисници, споделила фотографии од пред и по процедурата.

„Моето искуство со BBL (бразилско поткревање на задникот)беше пријатно со оглед на тоа колку многу крв имаше. Мораше да носам пелени поради крварењето, но освен тоа сè е добро“, напишала меѓу останатото на Инстаграм.

Во следната објава напишала дека се чувствува добро и дека оди во маркет.

„Отокот исчезна и повторно се чувствувам како човек“, додала Амбер.

Зафатот за подигнување на задникот подразбира хирурзите да 'земат' маснотии од другите делови на телото и да ги стават во задникот, за да се добие што позаоблен изглед.

Амбер претходно изјавила дека нејзиниот изглед предизвикува измешани реакции од луѓето на улица.

„Не повредувам никого, го правам она што сакам, поради што станувам наутро и што ме прави среќна“, рекла Амбер.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk