Тачи го нападна Зибери: Тој е терорист!

Точка

02/07/2020

12:42

3.441

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи го нападна кандидатот на ДУИ за прв Албанец премиер на земјава, Насер Зибери.

„Што ги поврзува Али Ахмети и Насер Зибери? Југославија и национализмот“, порача Тачи од Гостивар каде што имаше средба со своите симпатизери.

„Зибери е терорист од 1997-ма година од Гостивар и Тетово. Тој беше вицепремиер, кога државата убиваше со оружје и насилство, тепаше, малтретираше, затвори многу луѓе. Ова е најсилниот аргумент дека овие двајца луѓе се поврзани со истата цел и доаѓаат од истиот извор. Ние овие двајца ќе ги разделиме“, порача лидерот на ДПА.

Тачи порача дека неговата партија по изборите на 15-ти јули нема да се откаже од планот за воведување на дводомен парламент.

„Тоа ќе биде гарант дека Албанците повеќе нема да бидат надгласани“, изјави Тачи во Гостивар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг