Спортист објавил “пред и потоа” фотографија со која го покажал шокантното влијание на коронавирусот врз телото

Супермен

02/07/2020

13:46

3.750

Големина на фонт

а а а

40-годишен маж кој учествува во атлетски натпревари споделил “пред и потоа” фотографија која го покажува шокантното влијание на коронавирусот врз неговото тело.

Амад Ајад кој живее во Вашингтон, ги почувствувал првите симптоми налик грип на 11 март. Само неколку дена подоцна, по потврдата за присуство на коронавирусот во неговиот организам, тој бил сместен во болницата Џон Хопкинс. 

Тогаш станал првиот Ковид-19 пациент во оваа установа кој бил приклучен на респираторна машина. Во текот на наредните 25 дена, Амад бил под седативи и во прилично делирична состојба, а изгубил повеќе од 27 килограми.


Според податоците од болницата, спортистот имал 97,5 килограми кога за првпат бил примен, а речиси еден месец подоцна се разбудил од вештачка кома и открил дека тежи само 69 килограми.

“Дента кога се разбудив на болничкото одделение за интензивна нега тежев 69 килограми. Нозете и рацете ми беа слаби, а градните мускули ми исчезнаа. Не можев да верувам колку ми беше тешко дури и да стојам”, изјавил Ајад.

Пред да се разболе, тој неколку пати неделно играл кошарка, вежбал со тегови и редовно се натпреварувал во трки со препреки во кои било вклучено и качување по ѕидови и носење тешки предмети. Но, сега морал да учи да оди и зборува.

Вирусот ги нападнал и неговите внатрешни органи – кога Амад бил отпуштен од болница на 22 април, тој сè уште имал крвно згрутчување во вената на левата рака, а неговото срце и бели дробови биле оштетени.

Иако Амад оттогаш повторно почнал да работи на своите мускули кои ги изгубил во текот на престојот во болница, неговото искуство оставило траен белег на него, но и на лекарите кои го лекувале.

“Тој е вистински атлетичар и е млад, па затоа мојата прва помисла беше: “Ако може да му се случи нему, да биде толку болен, тогаш може да му се случи секому”. Тоа навистина ми ги отвори очите”, вели пулмологот Натали Вест која го лекувала спортистот.

“Луѓето се однесуваат како вирусот да исчезнал. Носете маска, не се групирајте во големи групи. Водете грижа за себе и за луѓето околу вас. Сфатете го ова сериозно бидејќи не е шега. Вирусот може да ве убие дури и ако мислите дека сте здрави и имуни на него”, порачал Амад.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk