Повторно се соблече во секси долна облека и ја откри сета магија на бујните облини...

Супермен

02/07/2020

13:57

3.705

Големина на фонт

а а а

Ријана им понуди на фановите да бидат ѕвезди на нејзината нова линија на долна облека, а четворица од нејзините обожаватели имаа можност да позираат во долна облека со нејзин потпис.

Ријана повторно се соблече во долна облека за да ја промовира новата колекција на својот бренд „Savage x Fenty“, а пејачката со тоа ја откри цела магија на бујните облини.

32-годишната Ријана им понуди на нејзините фанови барем на момент да се почувствуваат како ѕвезди.


Многумина се пријавиле на социјалните мрежи и објавиле фотографии со креации од славната пејачка, а само неколку од нив имале чест да ја претставуваат Ријана.

Станува збор за Бренди, Сениана, Герлинда, Сариена Лу и Кортни Расел.


Со сите девојки лично контактирала Ријана.

„Срцето ми запре кога добив порака да бидам меѓу 4-те девојки. Никогаш не се надеваш дека ќе те изберат токму тебе, туку само сонуваш за тоа. Денес сепак јас уживав во тоа“ - изјавила една од девојките која што објавила фотографија како позира во долна облека од брендот на Ријана. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk