Марлон Брандо – ''американски бог'' на убавината и талентот: Овие интересни приказни за холивудската легенда сигурно не сте ги знаеле

Супермен

02/07/2020

15:32

3.925

Големина на фонт

а а а

Едно од најголемите имиња во светот на филмот, синоним за Холивуд и машка убавина - Марлон Брандо.

Славниот актер имал богат, возбудлив и неверојатен живот, може да се каже дури и филмски.

Соработувал со најголемите имиња во Холивуд, патувал, бакнувал најпопуларни убавици...

Бил исфрлен од училиште

Брандо бил исфрлен од своето средно училиште поради тоа што возел мотор во ходникот, а поради тоа неговиот татко бил приморан да го запише во Воена академија во Минесота.

Додека бил таму, тој некоја вечер се искачил на ѕвоното и извадил еден дел од него па го закопал. Потоа самиот организирал комитет кој што ќе го пронајде виновникот, а додека одел во училиште никој не помислувал дека за сè е виновен токму тој.


Работел како ''лифт-бој''

Со години жените ширум светот фантазирале со него да се заглават во лифт, а некогаш одамна тоа не било возможно.

Имено, тој во еден дел од периодот од животот во еден од њујоршките трговски центри работел како ''лифт-бој'', а покрај тоа бил и ноќен чувар, келнер, готвач и изработувал сувенири.


Поради Одри Хепберн ''занемел''

Иако важел за заводник, кога сретнал една од холивудските убавици, Брандо не можел да изусти ниту еден збор. Имено, на еден свечен ручек во 1955-та година, тој седел покрај славната Одри Хепберн која што љубезно му се претставила, а Брандо не проговорел ниту еден збор.


Имал свој остров

Додека го снимал „Побуна на бродот Баунти“, актерот се заљубил во Атол во близина на главниот остров Тахити и шест дена подоцна го купил. Денес овој остров е познато одморалиште кое што го носи името Брандо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk