Со сите групи намирници мора да бидете умерени, особено со овие 5.
Треба да се грижите што внесувате во вашиот организам. Одредени намирници можат да предизвикаат бес, лутење и нагла промена на расположението.
Храната може да ни помогне во закрепнувањето на организмот, да го зајакнеме нашиот имунитет, но исто така одредени намирници можат да предизвикаат големи тегоби.
Овие намирници можат да го нарушат нервниот систем и да предизвикаат нагла промена на расположението, а на крајот и депресија:
Внесувањето на солта во големи количини во организмот може да ја блокира работата на жлездата која што лачи адреналин кој што е одговорен за енергија и расположение на самата личност. Доколку претерате со внесување на солта во вашиот организам може да се чувствувате уморни и раздразливи.
Слатките работи се дозволени да се внесуваат во минимални количини во организмот. Иако сите ги сакаме, тие предизвикуваат пад на концентрација и агресивност.
Намирниците кои што го забрзуваат метаболизмот, како ѓумбир, рен или пак чили пиперче - се добри, но не додека сте под стрес.
По внесувањето лута храна во организмот вие добивате нова енергија, но истата може да се измеша и со стресот.
Кофеинот поттикнува забрзано создавање на хормон на стрес. Едно кафе дневно е целосно доволно.
Состојките на црвеното месо го зголемуваат нивото на допамин и норепинефин, а и двата се поврзани со зголемување на вознемиреност и стрес.