Новите BMW M3 и M4 пристигнуваат во септември

Точка

02/07/2020

16:35

1.518

Големина на фонт

а а а

Баварскиот производител потврди дека BMW M3 Sedan и M4 Coupe пристигнуваат на пазарот за неколку месеци.

Ова значи дека тестирањата се завршени и дека новите BMW M верзии наскоро ќе ги гледаме на патиштата. BMW ги камуфлираше М3 и М4 и ги тестираше на Сахсенринг, патека долга 3,6 километри.


Под хаубата ќе биде сместен 3,0-литарскиот шест цилиндарски мотор кој испорачува сила од 480 коњски сили. Силата на задните тркала ќе ја испорачува шестостепен мануелен менувач.


Секако, Competition моделот ќе биде нешто помоќен со мотор кој развива 503 коњски сили и 650 Nm максимален обртен момент со опција за осумстепен M Steptronic менувач.




Спонзорирани линкови

Маркетинг