Експертите велат дека е потребна само една работа за совршено задоволство во текот на сексуалниот однос

Точка

02/07/2020

17:45

5.573

Големина на фонт

а а а

Експертите се тие кои што се занимаваат со изучување на сексуалноста и тврдат дека за совршен однос потребна е само една работа - целосна предаденост.

Иако ова на прв поглед може да звучи како клише, сепак треба да знаете дека главните елементи на целосна предаденост на партнерот е да се фокусирате во текот на сексуалниот однос, да имате чувство на длабока еротска интимност, добра комуникација, искреност и желба за задоволување на другата страна.

Анкетата која што била направена неодамна покажала дека многу од луѓето даваат големо значење на оргазмот затоа што сексот може да биде лош иако сте доживеале оргазам во текот на односот.

Луѓето повеќе внимание даваат на т.н. оптимална сексуалност и идејата дека сексот може да биде непресушен извор на задоволство, без оглед на тоа дали сте доживеале оргазам или пак не.


Поголемиот дел од испитаниците навеле дека целосна предаденост е најважниот елемент на сексуалното искуство затоа што токму таа го потенцира меѓусебното почитување, прифаќање и нежност.

Изгледот на телото и техниката се на самото дно на листата на приоритети како најважни елементи во сексот затоа што добрите партнери доаѓаат во сите облици и големини, а вештините доаѓаат со самото искуство, желба и емотивна поврзаност за вашиот партнер, како потреба и другата страна да биде задоволена во текот на односот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг