Прво обраќање на Новак откако беше заразен со Ковид-19: „Вратете им ги парите...“

Супермен

03/07/2020

16:11

6.922

Големина на фонт

а а а

„Marka“ пренесува дека првиот рекет на светот им се обратил на играчите на „ATP“ од позиција претседател на Советот на играчите.

Последната информација укажува на тоа дека организацијата на УС Опен во планираниот рок ќе биде тешко изводлива, па се огласил и Новак Ѓоковиќ.

Се истакнува дека Ѓоковиќ смета дека коронавирусот ги диктира настаните во светот и во тоа се усогласува со мислењето на главниот епидемиолог на САД, Ентони Фаучиј, дека пандемијата не оди по вистинската насока.

Празните простори помеѓу турнирите се мали поради сезоната која што е променета и поради тоа моментално тешко е да се игра во Њујорк од 31-ви до 13-ти септември, а притоа сите играчи да се вратат во Европа каде што има задолжителен карантин од 14 дена.


Ролан Гарос е закажан за 20-ти септември, а во текот на август и септември во план е да се одржат уште неколку турнири од Мастер серијата, како на американскиот континент, така и во Европа.

Поради тоа, Новак апелирал до играчите кои што имаат резервирано сместување или пак кои што купиле карти за САД и им соопштил дека ќе бара од организаторите да им бидат вратени парите, односно да се подмират трошоците доколку не се одржи турнирот.

Во Њујорк дневно се заразуваат околу 50.000 луѓе и моментално е еден од најголемите жаришта на вирусот Ковид-19.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk