Погледнете ги фотографиите од хрватските плажи за време на пандемијата на коронавирусот и претходната година – разликата е огромна!

Супермен

03/07/2020

17:40

5.156

Големина на фонт

а а а

Очигледно е дека хрватската туристичка сезона пропадна поради пандемијата коронавирус.

Фотографиите од плажите во текот на 2019-та година и во текот на оваа година, ги прикажуваат размерите на лошата ситуација.

Во Хрватска момемнтално се одмораат повеќе од 300.000 гости, но бројките не се ни приближно исти со оние од претходната сезона.


Колку ситуацијата е лоша, најдобро може да се воочи по фотографиите од плажите од 2019-та година и 2020-та година.

И додека плажите и туристичките атракции биле преполни во текот на ланската година, оваа сезона ќе биде одбележана со други бројки.


Средна Далмација остварила 18 осто од минатогодишниот туристички промет, а дел од најголемите туристички дестинации во Хрватска се празни.


Дубровник е на 9 отсто промет за разлика од претходната сезона, а во четвртокот било објавено дека трајно се укинува линијата Philadephia - Дубровник која што била воведена претходната година.


Ситуацијата е малку подобра во северниот дел од Јадарнот. Имено, најмногу ноќевања се остварени во Истра и Кварнер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk