Додека бил студент Илон Маск верувал дека овие 5 работи ќе го променат светот – дали бил во право?

Точка

04/07/2020

14:55

7.384

Големина на фонт

а а а

Американскиот милијардер и основач на компаниите „Tesla“ и „SpaceX“ има 49 години, а пред три децении, уште кога студирал некои од овие теми сè уште не биле истражени и биле несфатени во јавноста.

Пред Илон Маск да стане милијардер, па дури и милионер, студирал физика и економија на Универзитетот во Пенсилванија.

Во текот на 1992-та година добил стипендија за „The Wharton School“, а уште оттогаш сонувал за истражување на вселената и постојано зборувал за електричните автомобили.

Во тоа време младиот Маск верувал дека пет клучни работи ќе влијаат на целиот свет:

Интернет

Маск верувал дека оваа глобална мрежа, настаната во 90-те години ќе го промени светот од темел, а сега вели дека уште тогаш тоа било очигледно.

Тој го споредил интернетот со човечкиот нервен систем:

„Доколку немаме нервен систем, нема да знаеме што се случува. Вашите прсти не би знаеле што се случува“.


Мултипланетарен живот

Милијардерот исто така верувал дека мултипланетарниот живот и мултипланетарната свест ќе го променат светот.

Додека бил дете на него влијаеле различни научно-фантастични книги и верувал дека еден ден ќе изгради вселенски бродови за да го прошири дометот на човечката раса.

Менување на човечката генетика

„Мислам дека ќе стане нормално да се промени човечкиот ген, за човекот да се ослободи од некои болести и склоности кон различни болести“ – изјавил Маск, алудирајќи на тоа дека има сè повеќе луѓе заболни од канцер во младоста или пак во средните години. Целта е да се спречи тоа.


Одржување енергија

Како тинејџер, Маск почувствувал лична обврска да се погрижи за судбината на човештвото и добил мотивација еден ден да создаде чиста технологија на енергија. Тој верувал дека одржливата енергија ќе ја промени иднината.

Вештачка интелигенција

На Светската конференција за вештачка интелигенција во Шангај 2019-та година, Маск изјавил дека компјутерите ќе нè надминат на секој начин, вклучувајќи и промена на пазарот за работа. Наскоро роботите ќе ги заменат луѓето, а веќе некаде тоа се случува.




Спонзорирани линкови

Маркетинг