Како да се вратил од пуст остров – Матеја Кежман изненадил многумина со својот непрепознатлив физички изглед

Супермен

06/07/2020

09:56

5.515

Големина на фонт

а а а

Него го сакаа навивачите на Партизан затоа што уште како дете сакал да трча по тамошните терени, а во странство за голманите бил голема ''закана''. Тој денес изгледа целосно поразлично од некогаш.

Матеја Кежман одлучил да пушти долга брада, а со новиот изглед изненадил многумина.

Погледнете сами:

Кежман има 41 година (роден е на 12-ти април, 1979-та година во Земун), а во својата кариера играл за многу фудбалски клубови.

Во текот на играњето во ПСВ може да кажеме дека бил најуспешен - од 122 одиграни натпревари, 105 пати бил стрелец.

Потоа играл и за Челси, Атлетико Мадрид, Фенербахче, ПСЖ, Зенит, Бате Борисов, а исто така бил и репрезентативец за Сојузна Република Југославија каде што 17 пати ги ''матирал'' голманите, од одиграни 49 натпревари.

Сега Кежман работи како фудбалски менаџер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk