Ова момче правело 200 склекови секој втор ден во рок од еден месец, ова се резултатите

Супермен

07/07/2020

11:41

3.110

Големина на фонт

а а а

Јутјуберот Лори Шо досега пред себе поставил бројни предизвици, а сега решил во рок од еден месец да прави по 200 склекови секој втор ден.

Лори сакал да дознае дали склековите ќе ја зголемат неговата издржливост и ќе му помогнат да изгради видливи мускули. 

Јутјуберот се одлучил на ваков предизвик бидејќи сфатил дека денот за одмор е многу важен – на мускулните влакна им треба време да закрепнат и да се регенерираат. Првиот ден направил 30 склекови пред да му биде потребна пауза, а сите 200 успеал да ги совлада за 15 минути и 11 секунди. По една недела додал и некои варијации. 

“Ми беше потребен дополнителен предизвик. И понатаму правам 200 склекови, но ми треба повеќе време”, објаснил Шо.

На крајот од месецот можел да направи 70 склекови без да паузира, а за 200 склекови му биле потребни 9 минути и 18 секунди, што е многу подобро отколку на почетокот. Што се однесува до видливоста на мускулите, не бил толку задоволен. 

“Разликата е минимална, но дефинитивно се чувствувам добро и пофит отколку пред 30 дена”, заклучил Јутјуберот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk