“Црната пантерка” објавила фотографии на кои позира целосно гола

Супермен

07/07/2020

16:45

2.600

Големина на фонт

а а а

Наоми Кембел на Инстаграм ги изненадила своите фанови со најновите фотографии на кои позира гола во подземна железница.

Како што навела таа, станува збор за необјавени фотографии кои ги направила во соработка со модната куќа “Валентино”. На една од фотографиите, Наоми седи во воз, а интимните делови ѝ се стратешки покриени со чанта. 

На другата фотографија стои на платформата, додека зад неа се гледа воз, а на третата е исто така гола со чанта во рацете.

Со оглед дека е позната по својата опсесија со хигиената во средствата за јавен превоз, многумина се пошегувале дека веројатно на ова снимање биле преземени најголеми мерки за дезинфекција некогаш. Но, сите се согласни дека 50-годишната манекенка изгледа совршено.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk