Луксуз на јапонски начин: Ова е редизајнираниот Lexus LS

Точка

07/07/2020

17:08

2.834

Големина на фонт

а а а

Lexus ја освежи петтата генерација на својата најлуксузна лимузина која ќе биде директна конкуренција на Mercedes S Class и BMW Series 7.

Поминаа три децении откако првата генерација на луксузната лимузина Lexus LS дебитираше на Саемот на автомобили во Детроит во 1989-та година. Актуелната, петта генерација на моделот дебитираше на истиот саем во 2017-та година, а три години подоцна јапонскиот производител ја претстави редизајнираната верзија на LS.


Освен малите стилски промени на надворешноста и внатрешноста, Lexus го унапреди комфорот во возењето и ја подобри звучната изолација во патничката кабина.


LS за 2021-ва година има рестилизирани фарови со нешто поинакви ЛЕД дневни светла, како и редизајниран браник. Промените на задниот дел се практично незабележливи, а една од новините кај редизајнираниот модел се новите 20-инчни алуминиумски фелни наменети за F Sport верзијата.


Повеќе детали за редизајнираниот Lexus LS ќе дознаеме наскоро, кога ќе биде позната и моторизацијата, а автомобилот би требало да пристигне на пазарот до крајот на оваа година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг