''Малку остана'' од големиот заводник Џои Трибијани – погледнете како изгледа денес омилениот актер од хит серијата

Супермен

08/07/2020

11:18

3.174

Големина на фонт

а а а

Мет Лебланк бил фотографиран на улиците на Лос Анџелес, а многумина се изненадиле како изгледа.

Ѕвездата од „Пријатели“ и американски популарен актер - Мет Лебланк, подготвен е да се врати на сетот на култната хумористична серија, чие снимање нивните обожаватели одвај го дочекале, но некои можеби ќе бидат изненадени со тоа колку нивните омилени ѕвезди се променети низ годините.

Особено кога станува збор за машкиот дел од екипата затоа што покрај Метју Пери кој што денес е навистина непрепознатлив, ниту 52-годишниот Мет повеќе не изгледа онака како што го паметиме од неговите најдобри години.


Во тоа најмногу може да се убедиме кога ќе ги видиме последните фотографии на актерот кои што се направени додека одел по улиците на Лос Анџелес, носејќи заштитна маска на лицето.


Се гледа дека актерот има навистина голем број вишок килограми, седа коса и брада.

Инаку, Мет пред една година ја напуштил емисијата на Би-би-си „Tom Gear“ во која што се нашол во улога на водител од 2016-та година. Како главна причина навел дека снимањата го оддалечиле од неговиот приватен живот - пријателите и семејството.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk