Се откажала од работата која им носеше милиони! Кортни Кардашијан се повлече од реалното шоу: „Тоа е токсична средина!“

Супермен

08/07/2020

20:05

4.704

Големина на фонт

а а а

Кортни Кардашијан открила зошто одлучила да ја напушти семејната работа која на сите им донесе милиони долари.

Имено, Кортни уште минатата година рекла дека повеќе нема да учествува во снимање на нивното реално шоу „Keeping up with the Kardashians“, кое се прикажува веќе 13 години.

„На снимање сум веќе долги 13 години, снимив цели 19 сезони. Меѓутоа, тоа стана токсична средина за мене. Не се чуствувам добро и повеќе не ме исполнува тоа како претходно. Не сакам да трошам толку време на снимање и ријалити“, била искрена Кортни.


Како што рекла, приватноста е нешто што многу го цени, па приватните моменти во шоуто ѝ паѓале многу тешко.

„Луѓето грешат кога мислат дека не сакам да работам. Се разбира, тоа не е вистина. Едноставно го следам својот пат и вложувам енергија во она што ме прави среќна“, додала најстарата Кардашијанка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk