Ирина Шајк ги почести своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм со уште една жешка фотографија.
Имено, манекенката позира во црн градник, без шминка и со мокра коса.
Фотографијата добила над половина милион лајкови, а фановите забележале дека Ирина открила и повеќе од тоа што планирала.
Во одразот на огледалото кое што се наоѓа зад неа, се гледа нејзиниот задник.
„Ти го гледам задникот“ - напишал еден од следбениците под фотографијата.
„Ти благодарам што ни го покажа тоа“ - коментирал друг следбеник.
Како што знаеме, пред повеќе од една година Ирина и холивудскиот актер Бредли Купер се разведоа.
„Двајца прекрасни луѓе не мора да бидат и супер пар. Среќна сум поради заедничките моменти кои што ги доживеавме“ - изјавила Ирина тогаш.