Приказната за дроновите на Тесла и безжичниот систем ја пренесува професорот д-р Петар Кочовиќ.
Генијалниот научник Никола Тесла е задолжен што дигиталната ера е таква каква што денес ја познаваме.
Од многуте приказни за Тесла, најинтересна е таа од месец ноември 1898-та година кога научникот зборувал за начинот на функционирање и широка примена на беспилотните летала.
Патентот за кој што Тесла пишувал зборува дека беспилотните летала би можеле да се користат за пренесување на писма, за комуникација, набљудување на теренот, ловење морски животни.
„Во неговиот патентиран опис има еден подолг пасус кој што зборува за визијата која што ја имал Тесла. Тоа се случило во 1898-та година кога патентот го демонстрирал во Медисон. Тогаш предвидел дека беспилотното летање во иднината ќе биде нормално за многумина. Денес имаме мали летала кои што се управуваат со радиобранови, тие станаа ''играчки''“ - истакнал проф. Петар Кочовиќ.
„Тесла не го употребил зборот дрон, зборот настанал подоцна, но предвидел дека дронот ќе се користи во инженерски и научни цели. Кога знаеме дека тоа било пред 122 години, останува фасцинантно тоа што Тесла ја предвидел иднината.
Тогаш Тесла зборувал за најголемата вредност на неговиот изум која што би била влијателна на војните и вооружувањата“ - истакнал професорот.