Фрлете ги пижамите од вашиот ормар – ова се 4 причини зошто е добро да спиете без ништо на себе

Точка

10/07/2020

10:32

4.193

Големина на фонт

а а а

Сите сакаме да носиме убави пижами во кои ќе се чувствуваме пријатно додека спиеме, но многу истражувачи велат дека е подобро да се спие без облека.

Можеби таквата смела промена ќе наиде на психолошки препреки, но вашето тело дефинитивно ќе ви каже “фала”. 

Кои се предностите на спиењето без облека?

Добар квалитет на спиењето

Сите ги знаеме последиците од барем една непроспана ноќ. Длабокиот сон не само што е гаранција за здравје, туку и за добро расположение. Тој ја зголемува работната способност и дава енергија во текот на целиот ден, така што нема да чувствувате потреба за спиење на секои 10 минути. Кога спиете голи, телесната температура опаѓа – а тоа го подобрува квалитетот на сонот.


Чиста кожа

Ако имате акни на грбот, градите и останатите делови на телото, спиењето голи ќе ви помогне да се ослободите од нив. Кога се вртите во текот на спиењето, се зголемува иритацијата на телото од ткаенината. Покрај тоа, себумот и бактериите остануваат на ткаенината и секојдневно доаѓаат во контакт со кожата (особено ако ретко ги менувате пижамите).

Намален стрес

Стресот е нуспојава од бессоните ноќи и лошиот сон, кои го нарушуваат нивото на кортизол во крвта. Поради тоа се намалува апетитот, се зголемува ризикот од развој на срцеви болести и депресија и се намалуваат когнитивните способности. Здравиот одмор го контролира нивото на кортизол кој му помага на телото подобро да се справи со стресот.

Поголема самодоверба

Спиењето без ништо на себе ја зголемува вашата самодоверба, а според еден напис на “Форбс”, ви помага да заработите и повеќе пари бидејќи добриот одмор развива отпорност на стрес и креативно размислување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг