Солскјер пронајде причина за незадоволство: Се надевам дека на крајот нема да решава…

Дерби

10/07/2020

13:04

1.795

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед игра навистина импресивно по корона паузата и изгледа како тим за големи дострели во овој момент, па повеќе од јасно е дека главна цел до крајот на сезоната е да се обезбеди место во Лигата на шампионите.

„Ѓаволите“ измиантава вечер поставија нов рекорд во Премиер лигата со триумфот против Астон Вила, бидејќи Јунајтед стана првиот тим во историјата кој на четири меча во низа славел со најмалку три разлика.

Манчестер ја победи Астон Вила во Бирмингем со 0:3 и стрелци на головите беа Бруно, Гринвуд и Погба, а 17-от меч во низа без пораз сепак не беше доволна причина Солскјер да биде комплетно задоволен. Поради тесната битка меѓу три тима за третото и четвртото место, многу лесно на крајот може да одлучува гол разликата, па Оле порача дека неговите напаѓачи пропуштиле многу шанси да го подобрат ова конто.

– Не знам дали противниците повторно се плашат од Јунајтед, но овојпат постигнавме три гола. Кога говориме за гол разликата, овојпат дефанзивците си ја завршија работата со „чистата мрежа“, но од друга страна создадовме шанси и требаше да постигнеме уште три, четири или пет гола. Среќен сум што создаваме шанси, но мора да бидеме попрецизни во нападот, – порача Солскјер со што јавно ги прозва напаѓачите.

– Искрено се надевам дека на крајот нема да решава гол разликата за место во Лигата на шампионите, бидејќи на последните два меча требраше да дадеме десет гола повеќе, – заврши Оле.



Спонзорирани линкови

Маркетинг